Седум лица осудени на смрт за напад врз бистро во Бангладеш

Седуммина исламистички милитанти се осуден на смрт поради напад врз бистро во бангладешката престолнина Дака пред повеќе од три години во кој беа убиени 22 лица, повеќето странци.

Нападот ги извршиле пет лица, а им се судеше на осуммина, Едно лице е ослбодено од обвинувањето, пренесува BBC.

Специјалниот суд изрече казна за осудените за терористички напад извршен со користење огнено оружје, убиства и финансирање тероризам. Седимиимиата осудени беа обвинети дека се припадници на локалната исламистичка група Џамаат-ул-Муџахедин Бангладеш (JMB).

„Судот им ги изрече највисоките казни“, рече за новинарите јавниот обвинител Голам Сарвар Кан, додавајќи дека обвиненијата против нив „се докажани без секакво сомнение“.

Пет мажи го нападнаа на 1-ви јули 2016 година бистрото „Holey Artisan Bakery“, сместено во елитната населба Хулшан во Дака, убивајќи 22 заложници, од кои 18 странци, повеќето Италијанци и Јапонци.

Оваа дванаесетчасовна крвата заложничка драма е најголемиот терористички напад во Бангладеш. Во текот на операцијата за ослободување на заложниците, војската ги уби петте напаѓачи како и еден нивен соработник.