Седум лица погинаа од поројните дождови и поплави во источниот дел на Саудиска Арабија

Најмалку седум лица загинаа, а 11 други се повредени во поројните дождови и поплавите во источниот регион на Саудиска Арабија, соопшти денеска саудискиот оддел за цивилна одбрана, јави ДПА.

Саудиската агенција СПА јави дека жртвите биле регистрирани во провинцијата Хафар ал-Батин, откако таму од петокот до синоќа имало поројни дождови, цитирајќи го портпаролот на цивилната одбрана во источниот регион.

Портпаролот додаде дека 16 лица биле евакуирани, седум се засолниле, а оштетени биле 40 возила и три куќи.

Надојдените води заробиле голем број луѓе и едно возило, наведуваат од цивилната одбрана на регионот, пренесе ДПА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.