Седум лица повредени, меѓу нив и малолетници, во сообраќајна несреќа

Доцна ноќта кон петокот, околу еден часот по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат меѓу скопските села Сарај и Арнакија, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „шкода фабија“, сопственост на МВР, а управувано од 27-годишниот Р.Б. од селото Арачиново, скопско и патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Е.Ш. од Арнакија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатничката В.Е.на 41 година и уште три малолетни сопатнички од Арнакија, сите од возилото „сеат ибица“, а со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „шкода фабија“, 31-годишниот Ф.Ш. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.