Седум лица приведени на антивладините протести во Бугарија

Седум лица се приведени на синоќешниот десетти по ред антивладин протест во Софија и другите градови низ Бугарија.

Учесниците во протестот повторно побараа оставка од Владата и Јавниот обвинител и распуштање на Парламентот.

Началникот на полицијата во Софија, Радослав Стојнев, претходно во текот на денот, рече дека  седум лица се приведени за време на протестите во петокот. Тој додаде дека немало нарушувања на јавниот ред и дека за време на протестите не биле забележани групи на провокатори.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата ги повика министрите за финансии, економија и за внатрешни работи да поднесат оставки поради протестите низ целата земја против корупција.