Седум лица приведени по безбедносен инцидент на танкер на југот од Англија

Седум лица се приведени по безбедносен инцидент на танкер крај островот Вајт во близина на јужна Англија, откако интервенирале командосите на Специјалната бродска служба (SBS), кои се качиле на пловилото и „ја вратиле контролата“, пренесува во неделата вечерта телевизијата Sky News.

Во прилогот на телевизијата се наведува дека британските министри за одбрана и за внатрешни работи дале овластувања за операцијата која била „молскавична“, со воен термин позната како „блесок за удар“.

Целата операција на командосите траеле седуми минути, а во неа учестувале 16 специјалци на SBS кои направиле на танкерот по десетчасовниот инцидент. Засега официјално нема информации за карактерот на инцидентот, но локалните медиуми наведуваат дека можно е да станува збор за обид за киднапирање на танкерот.

Претходно британскиот јавен сервис BBC објави дека полицијата е мобилизирана поради инцидент на танкера на југот на Англија, повикувајќи се на адвокатската компанија којашто го претставува броросопственикот, споменувајќи присуство на „слепи патници“, но отфрлајќи ја можноста за киднапирање.

Компанијата „Tatham&Co“ соопштила дека „стопроцентно“ не станува збор за обид за грабнување, за што пишуваа медиумите. Во еден момент на бродот е утврдено присуство на „слепи патници“, рекле од компанијата за BBC.

Претходно Sky News јави дека биле откриени „слепи патници“, додавајќи дека екипажот се сокрил во разни делови од танкерот кој подоцна со часови го менувал курсот на пловењето.

Крајбрежната стража мобилизирала два хеликоптера за помош на полицијата. Околу бродот биле направен безбедносен периметар од пет наутички милји.

Локалното радио на островот Вајт јави за можно кирднапирање на пловилото „ Nave Andromeda“, танкер долг 228 метри, кој плови под знамето на Либерија.

 

https://news.sky.com/story/seven-people-detained-after-security-incident-on-tanker-off-isle-of-wight-12114660