Седум лица се ранети по пукање во Аризона, вооружениот маж во бегство

Седум лица се пренесени во болница по пукање што се случило вчеравечер по локално време во Јума, Аризона.

Според Еј-Би-Си Њуз, полицијата добила дојава за пукање околу 23 часот. Тие дошле на местото на настанот и таму затекнале неколку ранети.

Полицијата сè уште го нема уапсено осомничениот за нападот, но нема понатамошна закана за локалното население, изјави на новинарите началникот на локалната полиција.