Седум лица со морбили се лекуваат во Клиничката болница во Штип

74

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев денеска рече дека еден пациент е хоспитализиран изутрината, а останатите шест пациенти во текот на минатата недела. Станува збор за шестчлено семејство, кое е заразено од морбили од Општина Карбинци и сите се на болничко лекување на Инфективното одделение.

Знаете дека е прогласена епидемија на морбили од страна на Министерството за здравство. Шестчленото семејство е од Карбинци, а од утринава е примен нов пациент, кој не е во роднински врски со ова семејство и станува збор за нов случај. Состојбата на пациентите е стабилна, вели Ѓеорѓијев.

Тој додаде дека изминатиот месец имале тројца пациенти со морбили кои се лекувале болнички и еден се лекувал амбулантски. Од нив едно било дете, а останатите полнолетни пациенти. Вкупно 11 пациенти заразени со морбили се лекувале во Клиничка болница во Штип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.