Седум лица загинале, а уште четири други исчезнале откако траект се запалил во близина на индонезискиот остров Сулавези, пренесуваат во саботата државните медиуми.
Најмалку 61 лице е спасено од морнарите на бродовите кои пловеле во близина, рекол портпаролот на покраинската полиција Агус Мулјади, за државната новинска агенција Antara.
Траектот „KM Izhar“ пловел од Кендари, главниот град на југоисточната покраина Сулавези, за Салабангк во покраината Моровали, кога се запалил доцна вечерта во петокот по локално време, пренесува агенцијата.
Претставникот на националниот центар за пребарување и спасување, Јусуф Латиф, за агенцијата рекол дека меѓу жртвите две се деца.
„Инцидентот започнал со појавата на пожар во машинското одделение. Екипажот на бродот се обиде да го изгасне, но безуспешно. Пожарот се влошувал. Поради тоа патниците скокнале во водата“, рекол Латиф.
Огнот бил изгасната од екипажот на друг брод. Причината за пожарот сѐ уште не е позната, а властите отвориле истрага. Несреќите на море се чести во Индонезија, најголемиот архипелаг на светот, каде што траектите се главни средства за поврзување на островите во оваа земја.