Седум навики во сексот што мажите неможат да ги поднесат

Колку пати сте одглумиле оргазам? Ако сте жена, тогаш тоа сигурно ви се случило барем неколку пати, ако не и повеќе. Инако на мажите им е, но и тие тоа често го прават.

Глумењето оргазам е само една од лошите навики што многумина ги практикуваат за време на сексот, а од кои би требало да се решите, затоа што на тој начин само си штетите себе си, односно си го ускратувате сексуалното задоволство.

Меѓутоа, некои од нас се заморуваат и со многу полоши работи. Ова се некои од навиките што треба веднаш да престанете да ги правите и вашиот сексуален живот со сигурност ќе биде подобар и поопуштен.

  1. Глумите оргазми

На жените им е многу полесно да одглумат оргазам, но и на мажите тоа може да им тргне од рака. Ако тоа го правите, престанете и признајте и на другата страна дека неможете да постигнете оргазам затоа што тоа само може да ви помогне да бидете среќни во постелата.

  1. Произведувате звуци како да ви е супер, но не ви е

Ако испуштате звуци како тоа да ви е најдобриот секс што дотогаш сте го имале, на другата страна ќе и оставите погрешен впечаток, па нема да има причина зошто да се потруди следниот пат.

  1. Се освежувате пред секој секс

Се плашите од непријатните мириси од устата, од вашето тело, па секогаш пред секс трчате во тоалет за да се освежите. Престанете се тоа и препуштете им се на страстите.

  1. Избегнувате секс затоа што не сте издепилирани

Верувајте, голем број мажи сакаат природни жени.

  1. Не сакате да му кажете дека неможете да имате секс, затоа што имате менструација

Ако неможете да имате секс поради менструација, едноставно, кажете му го тоа на партнерот. Вадењето од типот: „Неможам денес, не се чувствувам добро“, може да доведе само до долги и непотребни разговори поради што така и ќе се чувствувате.

  1. Се грижите дали изгледате дебело за време на секс

Ако цело време размислувате дали изгледате подебело во таа поза, сигурно нема да можете да се опуштите и да доживеете оргазам.

  1. Се обидувате да изгледате секси кога доживувате оргазам

Тоа не треба ниту да се обидувате да го направите, затоа што сигурно изгледате секси.