Седум нови лица заразени со морбили

Од нив три се задржани на лекување на Клиниката и тоа една 32-годишна пациентка од Сарај, едно дете на возраст од една ипол година од Кисела Вода и уште едно дете на иста возраст од Чаир.

Седум новозаболени со морбили вчера се јавиле на преглед на Клиниката за инфективни болести, информираа од таа јавна здравствена установа.

Од нив три се задржани на лекување на Клиниката и тоа една 32-годишна пациентка од Сарај, едно дете на возраст од една ипол година од Кисела Вода и уште едно дете на иста возраст од Чаир. Сите биле невакцинирани.

Четворица од заболените се амбулантски прегледани и се пуштени на домашно лекување

На Клиниката има 26 пациенти од кои четворица се возрасни, 22 се деца од кои најголем број се на возраст од една и под една година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.