Седум нови пациенти се тестираат за коронавирус, меѓу нив и две родилки од Дебар и од Скопје

Материјали од седум нови пациенти се тестираат во моментов на Инфективната клиника во Скопје, од кои две се на родилки од Дебар и од Скопје, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

Едната родилка од Дебар е во болницата во Охрид, другата е во Скопје и се во изолација.

„Не се непосредно пред породување, но ги донесовме за да бидат подготвени во оваа ситуација“, кажа Филипче.

Станува збор за пациенти и од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид, кои престојувале во Швајцарија, Австрија и Германија и кои после неколку дена од враќањето дома развиле висока температура.
Сите 13 пациенти на Инфективната клиника се во стабилна состојба, идентична на вчерашниот ден, само една пациентка од Дебар е на респираторна машина со значајно подобрување на параметрите.

„Таа е со сè уште непредвидлива прогноза, затоа што непредвидливо доаѓаат компликациите“, рече министерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.