Седум починати и десет новозаразени со коронавирусот последните 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Covid-19.

Новите коронаинфекции се регистрорани во четири града во земјата, и тоа пет во Скопје, по два во Прилеп и Виница, и еден во Куманово.

 

Пријавени се вкупно седум починати лица: по едно лице од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г).

Од пријавените, три лица се починати во домашни, а другите четири во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања на короанвирусот, со коиод почеоткот на епидемијата во Македонија се дијагностицирани лица 155.417 зарази од кои оздравеле 149.292 пациенти, а потврдени се 5.455 смртни исходи. Бројот на активни случаи изнесува 670.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68568, Активни 299

Куманово 8844, Активни 64

Прилеп 8311, Активни 38

Тетово 7219, Активни 26

Битола 6298, Активни 28

Велес 5469, Активни 6

Гостивар 5179, Активни 20

Кавадарци 5153, Активни 4

Охрид 5008, Активни 38

Штип 4959, Активни 8

Струмица 4111, Активни 16

Струга 2981, Активни 13

Кочани 2789, Активни 10

Кичево 2568, Активни 28

Гевгелија 2194, Активни 5

Неготино 2184, Активни 4

Свети Николе 1523, Активни 4

Ресен 1234, Активни 3

Крива Паланка 1219, Активни 2

Радовиш 1160, Активни 15

Берово 1029, Активни 2

Делчево 972, Активни 4

Дебар 940, Активни 1

Виница 886, Активни 12

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 1

Демир Хисар 400, Активни 5

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 376, Активни 9

Македонски Брод 359, Активни 1

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 3

Дојран 132, Активни 0