Седум прашања што треба да си ги поставите пред да дадете отказ

Можеби салате да се посветите на отпочнување сопствен бизнис или можеби се надевате да најдете друго работно место што повеќе ќе ве исполнува. Без разлика на тоа кои се вашите причини, постојат некои работи што треба да ги размислите пред да го испразните работниот простор.

Давањето отказ е голема и важна одлука. Затоа еве ги нештата што треба добро да ги промислите пред да си заминете. Пред конечно да дадете отказ еве ги седумте прашања што треба да си ги поставите сами на себе си.

Зошто сакам да дадам отказ?

Сите имаме мигови кога се чувствуваме преморени и во тие мигови да се биде невработен всушност би можело да ви звучи како рај. Сепак, изговорите од типот „Уморен сум од работа“ или „Ова е многу тешко!“ не се добри оправдувања за да дадете отказ.

Затоа, добро е да седнете и добро да промислите зошто сакате да си заминете. Ако немате ниту една важна причина или логично објаснување зошто сакате да си заминете, тогаш можеби треба да останете уште некое време. Така нема да донесете избрзана одлука поради која еден ден ќе се каете.

Дали се потрудив да ги решам сите проблеми?

Да речеме дека сте нашле добар изговор за отказ, како што на пример би бил фактот дека вашиот претпоставен постојано ви дава нови задачи, задолжувања и проекти без воопшто да се обиде да ве праша дали можете. Работите напорно без никаква почит ниту признание. Балансот помеѓу работата и приватниот живот е само нешто за што можете да сонувате?

Да, тоа може да фрустрира и сосема е разбирливо зошто сакате да си заминете. Како и да е, воопшто не е тешко само да го препознаете проблемот, туку треба да бидете сигурни дека сте направиле се за да го решите проблемот.

Дали сте разговарале со вашиот претпоставен или само патите во себе надевајќи се дека тој ќе ви ги прочита мислите?

Можеби навистина ништо неможе да се направи и тоа значи дека отказот ви е единствено решение. Како и да е, сепак морате да нагласите за што размислувате и што сакате. Можеби ќе бидете изненадени од алтернативите и решенијата што вашите надредени ќе ви ги понудат. И, ако ништо друго, тогаш ќе си заминете знаејќи дека навистина сте дале се од себе си!

Што е следно?

Дали ова прашање ви се чини познато? Секако, голем број луѓе на ова не размислуваат навреме – особено оние што ќе стасаат до „точка на вриење“ па како молња излетуваат од канцеларијата без и воопшто да се свртат наназад.

Не, немора да ги разработите сите детали, затоа што сите знаеме дека и најдобрите планови понекогаш не се остваруваат. Како и да е, би требало барем воопштено да размислите кои би ви биле следните чекори.

Може ли да си дозволам да дадам отказ?

Секако, парите нема да бидат проблем ако сегашното работно место го напуштате затоа што сте добиле подобра понуда. Но, ако давате отказ од други причини, тогаш за финансиите, за жал, мора добро да размислите.

Животот не е евтин, а сметките што треба да се платат стасуваат секој месец. Така, ако размислувате да ја напуштите сигурноста (и сигурните приходи) за сметка на животот во несигурност и преживување, тогаш бидете сигурни дека имате финансиска заднина и имате план за да преживеете со истите ограничени приходи.

Што ми се допаѓа во моменталното работно место?

Кога размислувате за отказ, тогаш многу често се случува да ги гледате само негативните работи. Но, сигурно постојат и некои убави работи поради кои сте уживале на работното место. Затоа, пред да дадете отказ, размислете за сите оние аспекти на вашето работно место што ги сакате.

Со други зборови, тоа ќе ви помогне да сфатите што е она што го цените на вашето работно место или воопшто во кариерата. И во некои случаи ова може да биде сосема доволно за да сфатите дека не си ја мразите работата – туку само треба повторно да ја најдете поранешната страст.

Што не ми се допаѓа?

Веќе рековме дека не треба да размислувате само негативно, но ако планирате да си заминете тогаш е важно да ги земете во предвид и оние работи што не ви се допаѓаат на вашето работно место.

Која е целта? Па, мошне едноставно, на тој начин јасно ќе си илустрирате што треба да избегнувате на идните работни места. Тоа ќе ви биде мошне важна информација кога ќе ги промислувате следните чекори.

Кои се вашите долгорочни цели во поглед на кариерата?

Размислете за тоа кога последен пат сте сложувале сложувалка. Дали ви беше тешко и дали потрошивте многу време за да ја завршите ако немавте поим како требаше да изгледа финалниот производ?

Така е и со кариерата. Иако вашата крајна цел можеби ви се чини дека е на вистински пат, сепак е важно да размислите за неа. Не само што така ќе останете фокусирани на вас и на вашата игра, но тоа исто така ќе ви помогне да бидете сигурни дека секој избор што сте го направиле само ве одвел поблиску до конечната цел.