Седум пратеници ги напуштија британските лабуристи поради челникот

Седум истакнати членови на главната британска опозициска Лабуристичка партија, поднесоа оставка како чин на протест поради начинот на кој Џереми Корбин ја води партијата.

Парламентарците го критикуваат партискиот став за британското напуштање на Европската унија и начинот на кој се решава појавата на антисемитизмот во партијата. Натаму тие своите должности ќе ги извршуваат како независни пратеници во парламентот, порача Лусијана Бергер на прес-конференција во Лондон.

Оставката на Чука Умуна, кого го сметаат во политичка ѕвезда во подем, би можела да нанесе голема штетата на лабуристите. Умуна ја предводи групата која се залага за распишување втор референдум за брегзитот.

Овој потег доаѓа само неколку дена откакот британската полиција започна истрага по обвиненијата за антисемитизам во Лабуристичката партија. Обвиненијата за антисемитизам веќе неколку години се присутни во оваа партија, вклучително и против челникот Корбин.

Корбин, инаку ветеран во залагањата за правата на Палестинците и остар критичар на Израел, е обвинет дека неговите лабуристи го толерираат антисемитизмот меѓу мнозинството свои членови. Минатото лето еврејските весници пишуваа дека Лабуристичката партија би претставувала „егзистенцијална закана за еврејскиот живот во оваа земја“, доколку дојде на власт.

Следните општи избори се планирани за 2022 година, но може да се одржат и порани, во зависност од способноста на премиерката да ја води Велика Британија во процесот на нејзиното истапување од Европската унија.