Седум причини зошто ги сакаме секој од знаците

Секој од 12-те знаци во зодијакот има свои позитивни карактеристики кои го издвојуваат од останатите. Сите ние имаме свои фаворити кога станува збор за хороскопските знаци, некои сакаме да се дружиме со Бикови, други пак обожуваме Риби.

Прочитајте ги седумте причини поради кои ги сакаме секој од знаците:

ОВЕН

1. Животот го прават возбудлив.

2. Секој момент им е важен во нивниот живот, а ваквата енергија им ја пренесуваат и на другите.

3. Ако ви треба партнер за луда авантура, Овенот е вистинскиот знак за тоа.

4. Не е злопамтило, може да се скарате, но за 5 минути ќе заборави на караницата.

5. Доколку направите нешто убаво за нив, тие се во состојба до скокнат до таванот од среќа.

6. Доколку некој ве налути, Овенот прв ќе застане во ваша одбрана.

7. Се вљубуваат брзо и страсно, па нивните партнери имаат навистина незаборавно искуство со нив.

БИК

1. Бикот е некој што сака многу да се гали.

2. Многу се лојални, што ги прави одлични пријатели.

3. Биковите се искрени, не умеат да се преправаат.

4. Доколку чувствувате вина затоа што сте посегнале по уште еден ред чоколадо, Бикот ќе ви каже дека вие го заслужувате тоа и ќе ви донесе и чаша млеко за чоколатцето.

5. Секогаш сте добредојдени во домот на Бикот.

6. Ќе ви помогне во реализацијата на вашата идеја со тоа што ќе ви даде реална перспектива и практични совети.

7. Бидејќи и самите се големи хедонисти, покрај Биковите и вие ќе уживате во животот.

БЛИЗНАЦИ

1. За дискусија и анализи, Близнаците се одлични соговорници.

2. Обожаваат нови луѓе и ситуации, па честопати со нив ќе си ги проширите видиците.

3. Доколку не ви се допаѓа некоја нивна страна, без грижа – утре ќе се чувствувате поинаку.

4. Паметни и многу начитани, Близнаците се навистина добри партнери во некој квиз на знаење.

5. Поради нивната отвореност не мора да се трудите премногу со цел да ги запознаете.

6. Делуваат многу позитивно на сè околу нив и постојано ги поттикнуваат другите на некаква активност.

7. Одлични се за забава.

РАК

1. Од Раковите зрачи нежност и интерес за луѓето околу нив.

2. Ракот секогаш ќе се труди да им угоди на другите луѓе.

3. Имаат неверојатен инстинкт, веднаш ќе препознаат доколку нешто не е во ред со вас, без разлика дали сте тажни или пак лути.

4. Доколку Ракот ве праша како сте, тој навистина сака да бидете искрени со одговорот.

5. Нивната изопачена смисла за хумор пријатно ќе ве изненади.

6. Ракот поседува внатрешна сила покрај која ќе се чувствувате безбедно и заштитено.

7. Ракот отворено ќе ви (по)каже колку ве сака и колку му значите.

ЛАВ

1. Во сите сегменти од животот, Лавот внесува адреналин и забава.

2. Лавот го сака животот и луѓето, а неговиот ентузијазам е заразен.

3. Тој е вистински романтичар и ќе ве научи да ги цените ситните знаци на внимание и сета убавина на љубовта.

4. Лавот е многу заштитнички настроен кон луѓето коишто ги сака.

5. Шармот на Лавот ќе му помогне да се извади од каква било незгодна ситуација.

6. Доколку Лавот се вљуби во вас ќе се чувствувате како најубавото и најпожелното суштество на планетата.

7. Лавот може да им делува чудно на луѓето кои не го познаваат добро.

ДЕВИЦА

1. Припадниците на овој знак се длабоки, чувствителни и промислени луѓе.

2. Во моментот на неволја, Девицата прва ќе чукне на вашата врата уште пред да ѝ јавите дека ви е потребна помош.

3. Девицата ќе ви помогне да го средите плакарот, кујната или гаражата – и тоа ќе ѝ биде мошне забавно, ќе ужива во процесот на средување.

4. Девицата никогаш нема да мора да ја чекате, таа секогаш пристигнува 5 минути порано од сите.

5. Сака да биде известена за сè или оди во друга крајност и се повлекува длабоко во себе,

6. Секогаш се добро организирани.

7. Девицата секогаш има план за дејствување поради што драстично се разликува од сите останати знаци.

ВАГА

1. Вагата непрестајно ја шири својата позитивна енергија.

2. Таа е најсреќна кога другите околу неа се среќни.

3. Практично е невозможно да не ја сакате Вагата, тие имаат вроден шарм на мало, слатко детенце.

4. Вагата може да биде медијатор во секоја караница, имаат вроден талент за решавање на недоразбирања.

5. Постојано ќе ве потсетува колку многу вредите.

6. Обожаваат да се опуштаат себеси, но и другите кога е дојдено времето за одмор и релаксација.

7. Не го знаат значењето на зборот штедење, не умеат да штедат на себеси, но и на пријателите кога станува збор за подароци.

СКОРПИЈА

1. Скорпијата е најдобриот пријател што може да го запознаете.

2. Таа е најдобриот избор за споделување на проблемите.

3. Со нив е особено забавно да смислувате несолени шеги.

4. Скорпијата има талент да забележи сè – од новата фризура до обликот на вашите веѓи.

5. Ја ценат секоја убава работа којашто ќе ја направите за нив.

6. Со нив може да разговарате за секс без воопшто да се срамите.

7. Имаат огромна енергија, доколку ја насочат во вистинскиот правец, може да го сменат светот.

СТРЕЛЕЦ

1. Животот со нив е приказна сама за себе.

2. Великодушни се, без да очекуваат нешто да добијат за возврат.

3. Весели се, многу друштвени и на сите им се допаѓаат.

4. Имаат цврсти ставови и се борат за своите уверувања.

5. Стрелците се одлично рамо за плачење.

6. Со нив секогаш ќе знаете точно на што сте и што мислат за вас.

7. Радо го споделуваат своето знаење и искуство со другите луѓе.

ЈАРЕЦ

1. Јарците се предодредени за успех во животот.

2. Тие се добри и многу внимателни домаќини.

3. Силни се и мошне доследни, и луѓето околу нив ги поддржуваат во тоа.

4. Доколку сте му вистински пријател Јарецот ќе направи сè за вас.

5. Нивната љубов обично се врзува со многу убави и скапи подароци.

6. Амбициозни се и секогаш насочени кон остварувањето на некаква цел, Јарците ќе ве инспирираат и вие да станете такви.

7. Секогаш ќе ве „спуштат“ на земјата и ќе ви кажат точно како стојат работите.

ВОДОЛИЈА

1. Водолијата е оригинална и многу промислена личност.

2. Многу се објективни и даваат одлични совети.

3. Благодарение на својата интелектуалност може да најдат заеднички јазик речиси со секој што ќе го запознаат.

4. Добро е да се биде дел од друштвото на една Водолија, бидејќи таа е главното „моторче“ на забавата.

5. Водолијата не следи никој, најчесто другите ја следат неа.

6. Водолијата е голем борец за правда.

7. Доколку вистински им значите ќе напраат сè што е во нивната моќ за да ве усреќат.

РИБИ

1. Делуваат достоинствено и енергично, како да доаѓаат од некој друг свет.

2. Лесно може да постигнете компромис со нив.

3. Имаат одлична интуиција и им даваат супер совети на луѓето, без разлика дали станува збор за финансии или љубов.

4. Воопшто не се површни и не го набљудуваат животот и луѓето на тој начин.

5. Нивната смиреност лесно ја пренесуваат на оние околу нив.

6. Многу се спонтани и авантуристички настроени.

7. Рибите се големи сонувачи па имаат тенденција да ги поддржуваат и другите во нивните соништа, макар изгледале нереално и неостварливо.