Седум работи на кои луѓето во брак треба да заборават

За да се зачува бракот среќен и стабилен, некои работи мора да се заборават.

Кога приоритетите ќе се постават правилно, сите кои се во брак би требало да заборават на:

1. Себичност

Дури и да сте биле единствено дете во семејството и да сте навикнати сите да одат по вас, тоа не смее да го очекувате од партнерот. Исто така, треба да заборавите на фактот дека „секогаш вие сте во право,“ бидејќи во тој случај разделбата е неизбежна.

2. Уцени, изливи на бес

Сите имаме моменти на нервоза и бес, но никој не е должен да има разбирање за нив и за какво било малтретирање.

3. Нерешените конфликти

Проблемите кои се одложуваат, емотивната воздржаност и ниското ниво на самоконтрола се фактори кои може да влијаат и на најдлабоките емоции.

4. Оговарање на партнерот

Нема никаква причина и оправдување зошто секакви пикантерии или проблеми би споделувале со трети лица, дури и тоа да ви се пријатели.

5. Мерење на платите

Денес многу жени заработуваат еднакво, ако не и повеќе од мажите. Верувањето дека високиот личен приход на мажот не би требало да е понизок од оној на жената е минато.

6. Ограничена интимност

„Исфрлањето“ на партнерот од креветот секојпат кога ќе се скарате, не е најдобра опција. Таа манипулација брзо ќе си создаде нови проблеми.

7. Опсесија

Грижата за лицето со кое сте во брак е сосема нормална, но кога ќе премине во опсесија, станува неподнослива. Дајте си време и простор за работи кои не се тесно поврзани со бракот и заедничките обврски.