Седум симптоми што укажуваат дека можеби сте во депресија

Една од пет личности ќе се соочат со депресија во некој момент од нивниот живот. Депресијата може да се искажува на различни начини, затоа е важно добро да се знае кои се основни показатели на оваа болест. Психолозите тврдат дека жените и мажите ја изразуваат депресијата на различни начини.

Додека мажите најчесто со се соочуваат со несоница, а жените обично повеќе спијат. Мажите го губат апетитетот, додека жените најчесто јадат многу повеќе од вообичаено и им се трупаат килограми, а исто така почесто се соочуваат со силно чувство на вина. Но, во одредени ситуации може да биде и обратно. Се зависи за тоа како нашиот организам и хормоните делуваат на одредени емоции и животни ситуации.

Еден или повеќе од следните симптоми може да бидат знак дека сте во депресија:

  • Нарушен сон, без разлика дали е во прашање премногу спиење или будење во текот на ноќта или рано наутро без никаква причина, со неможност да продолжите да спиете;
  • Недостаток на концентрација дури и кога не работите нешто напорно, само читате книга или слично;
  • Чувство на безнадежност и беспомошност;
  • Често чувство на исцрпеност и недостаток на енергија;
  • Зголемена нетрпеливост, недостаток на трпение и склоност кон лесно вознемирување и нервоза;
  • Промени во исхраната, без разлика дали се работи за зголемен апетит или недостаток на желба за храна;
  • Помислата на тоа дека животот не е вреден е уште еден од знаците на сериозна депресија.

Депресијата е потенцијално мошне сериозна болест и затоа е потребно на време да се дијагностицира и да се лекува на соодветен начин. Ако мислите дека сте во депресија или имате повеќе од еден симптом од наведените најдобро е да посетите психолог и да почнете да се соочувате со проблемот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.