Седум сообраќајки во Скопје, четворица повредени

Еден пешак е тешко, а четворица полесно повредени во четири сообраќајни незгоди од вкупно седум што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајки е причинета материјална штета.

Според билтенот на СВР Скопје, изминатото деноноќие 67 возачи возеле побрзо од дозволеното, а пет биле под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 13 возачи затоа што возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца почетници. Исклучени од сообраќај се и девет нерегитрирани возила.

Сакционирани се и 13 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле, како и седум возачи кои не носеле сигурносен појас.

Преземени се и мерки против 14 пешаци кои поминале улица надвор од пешачки премин.

Сообраќајната полиција издала 80 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 72 возила.

Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализираше сообраќајна поука на која присуствувале граѓани како учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во пешаци.