Седум убиени во пукање во пиварница во САД

Седум лица се убиени во пукање кое се случило во административниот комплекс на компанијата за пиво и пијалаци „ Molson Coors“ во градот Милвоки во американската сојузна држава Висконсин, пренесува ноќта кон четвртокот по македонско време весникот Milwaukee Journal Sentinel повикувајќи се на свои извори.

Во извештајот се наведува дека меѓу загинатите е и мажот кој отворил оган во комплексот.

Според изворите на весникот, местото на инцидентот е блокирано од полцииајта, а на вработените во компанијата не им е дозволено да ги напуштат работните места. Официјална потврда за бројот на жртвите засега нема.

Градоначланикот на Милвок, Том Барет, за новинарите изјавил само дека според неговите информации има „повеќе жртви“ во пукањето.

„Има повеќе жртви, вклучително, како што разбрав, и лицето кое пукало“, рекол Барет за локалниот телевизиски канал 12abc. Градоначланикот додал дека рано е за други поединости, а оти дополнителните информации ќе бидат објавени во наредните часови.

Полицијата на Милвоки засега објави за истражување на „критички инцидент“ и апелираше до граѓаните да го избегнуваат местото на инцидентот.

Според телевизијата 12abc, напаѓачот бил поранешен вреботен во „MillerCoors“, комапанија-ќерка на „Molson Coors“, чиешто седиште е во Милвоки. Тој бил отпуштен, а потоа се вратил во компанијата со оружје.