Седум загинати во поплавите во северозападна Турција

Најмалку седум лица загинале во поројните поплави кои на северозападот на Турција ги предизвикаа обилните врнежи, објави во средата службена новинска агенција Anadolu.

Локалните медиуми известуваат дека пет лица смртно настрадале а едно се смета за исчезнато во покраината Киркларели близу границата со Бугарија и Грција. Жртвите настрадале во поројните поплави во оваа област.

Властите објавија дека во квартовите Башакшехир и Ќучукчекмече во северниот дел на Истанбул загинале две лица, а 31 е повредено. На снимките од оваа област се гледаат автомобили кои ги носи надојдената вода.

За помалку од шест часа врз Истанбул наврнало количество дожд на квадратен метар колку што во турскиот мегалополис вообичаено наврвнува во текот на цел септември, се истакнува во објавата од канцеаријата на истанбулскиот гувернер.

Невремето проследено со обилен дожд предизвика незапаметени поплави ширум југоисточна Европа, поради што евакуирано е население, а значително е оштетена и инфраструктурата. Во централна Грција во средата смртно настрадаа две лица кога биле поплавени нивните домови и деловните простории. Состојбата е тешка и во црноморското подрачје на Бугарија каде, исто така, има најмалку две жртви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.