Седум загинати во уривање на мост во Кина

Најмалку седум лица загинаа а уште пет се поврдени во уривање на мост во градот Тијангџинг, потврдија локалните власти откако објавија дека спасувачката операција главно завршила, пренесува кинескиот весник на англиски јазик Global Times.

Уривањето во северната кинеска област Бинхаи се случило додека биле изведувани градежни работи на ремонт на локалниот железнички мост, соопшти на Twitter министерството за вонредни состојби.

Десетина работници биле поклопени од остатоците на урнатиот мост, за што локалните власти на местото на несреќата испратиле 192 спасувачи и 10 обучени кучиња трагачи. Властите, исто така, испратиле и работна група која ја водела операцијата на потрага и спасување.

Според властите на Бинхаи, несреќата се случила во моментот кога работниците менувале една од шините на мостот. Локалната полиција веднаш ги привела одговорните во градежната компанија која ги изведувала работите и отворила истрага, додават властите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.