Седум застрелани во Луисвил во протестите за убиство на црнкиња

Најмалку седум лица се ранети со огнено оружје а најмалку едно лице е во критична состојба по протестите во Луизвил поради убиството на Бриона Тејлор, Афроамериканка смртно застрелана во нејзиниот дом во март, соопшти полицијата во петокот.

Ситуацијата во центарот на градот сѐ уште е чувствителна, изјавил во електронска порака до медиумите, портпаролот на полицијата во Луисвил.

Во неговата изјава се истакнува дека полицијата не испукала ниеден куршум во инцидентот, но дека уапсила некои лица во врска со тоа. Претходно беше објавено дека голема маса луѓе се собрала во центарот на градот.

Во четвртокот ноќта градоначалникот на Луисвил, Грег Фишер, сподели пост на Twitter за кој наведе дека го напишала мајката на Бриона Тејлор, во кој демонстрантите се повикуваат на мирни протести. „Разбирливо, чувствата се силни“, напиша во твитот.

Пукањето во Луисвил се случи истовремено кога во Минеаполис ексалираа протестите поради убиството на 46-годишниот Џорџ Флојф, црнец кој според објавените видеоснимки, се гуши бидејќи бел полицаец со колено му ги приклештува вратот.

Овој инцидент во кој се вмешани четворица полицајци, предизвика големи протести кои потсетуваат на безредијата придружени со вооружени грабежи и вандализам по убиството на Ерик Гарнер во Њујорк во 2014 година, кој исто така се задуши по полициски забранет зафат за грлото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.