Седум жртви на коронавирусот во Србија, 73 новозаразени а вкупно 457 заболени

154

Во Србија во четвртокот се регистрирани три нови жртви на пандемијата, како и уште 73 новозаразени лица, со што вкупниот број се зголеми на 457, соошти на прес-конференција штабот на српската влада за справување со коронавирусот.

Откако во четвртокот утрото беше соопштено дека во Србија од 6-ти март, кога е потврден првиот случај на заразата, починале уште два пациената, односно вкупно шест, во меѓувреме е потврдено дека починало уште едно лице на возраст од 48 години, заболено од Covid-19. Со тоа вкупниот број починати во земјата во четвртокот попладенето, дваесет дена по почетокот на епидемијата, достигна седум луѓе.

Епидемиолозите и инфектолозите ги повикаа српските граѓани со „железна дисциплина“ и примена на сите препорачани превентивни мерки да му помогнат на здравствениот систем во борбата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Клучно во борбата останува превентивата, а целта е со превенција да се запре натамошното ширење на вирусот и тоа е заедничка мисија на сите, порачаа српските лекари, членови на здравствениот кризен штаб при владата во Белград. Штабот го предупреди граѓаните дека доаѓаат „потешки денови“.

Епидемиолошките служби и севкупниот систем ја следи ситуацијата, состојбата се следи на ниво на препораките и мерките од Светската здравствена организација, наведе штабот, од кој истакнуваат дека е важбно да се почитуваат сите препораки кои доаѓаат од здравствениот сектор, од социјалното дистанцирање во работната околина до дистанцирањето од контакти на улица или во семејството.

Во Белград во халите на Белградскиот саем во тек е подготовката на привремена болница за смeстување на заразените со коронавирусот кои имаа полесни симптоми. Станува збор за една од препораките од кинеските експерти кои пред два дена допатуваа во Србија, а кои во центаралната кинеска покраина Хубеи успеаја да ја зауздааат епидемијата на коронавирусот.

Групата кинески стручњаци пристигна како помош и поддршка на властите на Кина за Србија. Една од препорачаните мерки е и масовното тестрирани и следење на потенцијалните извори на заразата, за да се провери присуството на коронавируост кај сите лциа кои би можело да бидат инфицирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.