Седум жртви во судар на хеликоптер и авион на Мајорка

Седум лица, меѓу кои двајца малолетници, загинале во неделата во судар на хеликоптер и помал авион на шпанскиот остров Мајорка, објави регионалната влада.

Несреќата се случила во 13,35 часот по локално време во округот Инка, соопшти владата на регионот Балеари на Twitter. Во авионот имало две лица, а во хеликптерот пет, од кои едно дете. Според првичните сознанија, со авионот патувале Шпанци, а во хеликоптерот биле државјани на Германија.

Засега не е позната причината за сударот меѓу двете летала кои биле во приватна сопственост. Исто така, сѐ уште не е познат идентитетот и државјанстово на загинатите, пренесува весникот Diario de Mallorca.

Остатоците од хеликптерот од моделот „Bell 216“ се расфрлени на имотот „Ка Ла Веритад“, а на авионот на неколку стотицу метри од споменатата рурална област.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.