Седумдневната инциденца на Covid-19 во Германија највисока од почетокот на пандемијата

Германија во понеделникот објави рекордно висок број на седумдневната инциденца од 201.1 потврден случај на зараза со коронавирусот на 100.000 жители, соопшти референтниот Институт „Роберт Кох“.

Станува збор за највисока бројка за седумдневна инциденца од почетокот на пандемијата на Covid-19. Бројата во понеделникот е зголемување од 154.5 во четвртикот и 130.2 една седмица порано. Претходно рекордниот број на седумдневната инциденца од 197.6 објавен е на 22-ри декември 2020 година на вровот на вториот бран на пандемијата.

Здравствените стручњаци велат дека треба да се земе предвид дека за разлика од една година претходно многу луѓе во Германија сега се вакцинирани и велат дека инциденцата е особено висока меѓу многу старите лица кои се во висок ризик од Covid-19.

Поради тоа, ескпертите веруваат дека здравствениот систем во земјата би требало да биде во состојба да поднесе поголем број заразени отколку пред почетокот на вакцинацијата, бидејќи вакцината нуди добра заштита од тешките форми на болеста.

Владата на замнинување на канцеларката Ангела Меркел се соочува со дилама. Министрите во нејзината техничка влада се колебаат да донесат радикални мерки додека траат преговорите за составување на новата коалициска влада по септемвриските избори.