Седумгодишно дете паднало од тераса, пренесено на скопските клиники

Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци, пренесен бил на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Несреќата била пријавена во 14:00 часот во Полициската станица Кавадарци. Според пријавата, незгодата се случила на улицата ,,Браќа Џунови“.

Детето паднало од терасата на куќата во која живее. Поради повредите, било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.