Падна трета седумка во 2015. вредна 120 илјади евра

Падна трета седумка во 2015. вредна 120 илјади евра

Посакуваната премија 7-ка од играта НовоЛото 7/34, го обележа 50-то коло кое се реализираше вчера, а беше емитувано во редовниот термин на ТВ Сител.

Ова е третата 7-ка во 2015, а 11-та од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.

Седумката е вредна 7.275.913,41 денари. Уплатени се 8 ( осум) комбинации, од кои добитна е 6-тата комбинација со броевите: 2, 8, 13, 20, 25, 30, 32 +1. Уплатата е извршена во Скопје во продажното место Толлакс на Плоштад Македонија. Играчот ќе добие 120.000 евра за уплата од 120 денари.

Покрај 7ката изненадување за играчите беа и двете добивки 6+1 кои носеа по 1.218.501,00, од кои едната уплата е реализирана во Кавадарци во Сигма, а другата во Скопје, во Лубито, кај Драмски театар. Добитниците на 6+1 уплатиле по 2 комбинации, при што за 30 денари ќе добијат по 20.000 евра.

Вчера беа постигнати и 7 добивки со по 6 погодоци и 188 добивки со по 5 погодоци и бројни добивки за 4 погодоци. Педесетото коло ќе се забележи и со до сега најитересната табела на добивки, со постигнати сите можни добивки од оваа игра на среќа.

НовоЛото 7/34 добивки Број на добитници Вредност на добивка
7 погодоци 1 7.275.913,50
6+1 погодоци 2 1.218.501,00
6 погодоци 7 13.079,50
5 погодоци 188 487,00
4 погодоци 1.824 117,00

Добитници ги очекуваме во Државна лотарија на Македонија за да се запознаеме со нивните среќни приказни кои ќе ги споделиме со вас.

Фондот за седумка сега изнесува 100.000 евра/6.000.000 денари кои ги гарантира Државна лотарија на Македонија. Примамлива е добивката и на дополнителната игра Џокер која нуди над 2.000.000 денари.

Играта НовоЛото 7/34 e со право омилената игра на македонските играчи на игрите на среќа.