Седуммина биле повредени во 5 сообраќајки во Скопје

Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во 5 од вкупно 7 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Како што информираат од СВР Скопје, полицијата исклучила 17 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 9 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило итн.

Исто така, санкционирани се и 9 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, 5 возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 4 возачи за неправилно престројување, 3 возачи за некористење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 7 возачи за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 9 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.