Седуммина приведени во Иран, осомничени за соработка со британското разузнавање

Иранските безбедносни сили приведоа седум лица осомничени за соработка со британското разузнавање во операции во југоисточната иранска покраина Керман, објави во неделата новинската студентска агенција ISNA, повикувајќи се на иранските власти.

Според соопштението на властите, станува бор за група чиишто активности биле организирани и координирани од британски разузнавачи. Неколку лица од групата имале двојни државјанства и имале намера во блиска иднина да заминат од Иран, но немале време да го сторат тоа, поради акцијата на безбедносните сили.

Уапсените се товарат за „учество во саботажи заговори“ во текот на неодамнешните масовни протести и смртоносни безредија коишто од средината на септември го зафатија Иран.

Протестите ширум Иран избија кон средината на септември по смртта на 22-годишната Курдка Махса Амини во притворот на моралната полиција поради непридржување до правилото за покривање на главата. Либералните активисти тврдат дека починала од добиениот ќотек во притворот, а властите тврдат дека починала поради влошување на здравјето поради претходно болести.

Протестите, кои подоцна ја зафатија целата земја, се проценуваат на западот како најголемите по 1979 година, во кои има околу 200 загинати припадници на безбедносните сили и над 500 демонстранти. Техеран за нивно поттикнување и организирање ги обвинуваат западните разузнавачки агенции и веќе осуди на смрт неколку лица обвинети дека работеле за странски служби.

Исто така, во ноември тешко вооружен сунитски напаѓач го нападна познатото шиитско светилиште Шах Чераг во јужен Иран, непосредно пред вечерната молитва, убивајќи 15 аџии, меѓу кои една жена и две деца, и рани уште најмалку 40 други.

Во четвртокот друга иранска новинска агенција Tasnim објави дека иранските тајни служби идентификувале на територијата на земјата четири оперативни групи коишто ги координирало израелското разузнавање Мосад. Беше додадени дека сите тие биле уапсени,. Според сознанијата на иранското разузнавање, Израел искористувајќи ги безредијата последните месеци во некои региони на Иран, планирал серија терористички операции врз припадници на иранските безбедносни сили и високо позиционирани личности, како и врз стратешката инфраструктура на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.