Седумнаесет шумски пожари ја пустошат Калифорнија

Околу 2.300 пожарникари се ангажирани од саботата против 17 шумски пожари кои ја зафатија американската сојузна држава Калифорнија во којашто сушата трае веќе петта година со ред, а температурата достигнува рекордни вредности, особено во најјужните делови.

Еден од пожарите избувнал во подножјето на планината Сиера Невада, северно од градот Сакраменто, и во текот на еден ден уништил десет домови, проширувајќи се на површина од 800 хектари пошумена област и принудувајќи го населението на евакуација.

Шест лица, меѓу кои и еден пожарникар, се полесно повреден, соопштија локалните власти.

Вториот поголем пожар избувнал во областа на Санта Барбара. Зафатил област од околу 3.200 хектари густа шума. Пожарот поради сушата брзо се шири, а локалното население и од тука е евакуирано.

Во саботата на територијата на Калифорнија избувнале 17 шумски пожари, а се протегаат од областа на гората Сикс Риверс на северот до Сан Бернандино, западно од Лос Анџелес каде што температурата достигнала високи 36 Целзиусови степени, кои не се измерени уште од 1954 годна.