Шефот на британските лабуристи гледа антисемитизам во партијата

Челникот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјави во петокот дека постои „стварен проблем“ на антисемитизам во неговата партија кој ќе го искорени, но и жестоко одговори критиките упатени до лабуристите од еврејските медиуми.

Во написот за весникот The Guardian, Џереми Корбин не оди толку далеку за да ја прифати во целост општоприфатената дефиниција на антисемитизмот, заедно со низата примери, како што бараат еврејските заедници и организации.

Корбин, инаку ветеран во залагањата за правата на Палестинците и остар критичар на Израел, е обвинет дека неговите лабуристи го толерираат антисемитизмот меѓу мнозинството свои членови. Минатата седмица еврејските весници пишуваа дека Лабуристичката партија би претставувала „егзистенцијална закана за еврејскиот живот во оваа земја“, доколку дојде на власт.

Корбин во написот од петокот вели дека не прифаќа дека лабуристичката влада би претставувала каква и да е закана за еврејскиот начин на живот во Велика Британија.

„Ова е вид прегреана реторика којашто може да се појави во текот на емоционалните политички расправи. Но јас признавам дека постои стварен проблем кој лабуристите настојуваат да го надминат“, пишува Корбин.

Вели дека како премиер би им ја гарантирал сигурноста на еврејските заедници и би го изгонил антисемитизмот од партијата. Признава, исто така, дека Лабуристичката партија била пребавна во решавањето на пројавите на антисемитизам.

Корбин претходно се извини за она што своевремено го нарече „џебови“ на антисемитизмот во Лабуристичката партија и веди дека ќе ги искорени.

Лабуристите во моментов имаат блага предност пред Конзервативната партија на премиерката Тереза Меј според некои истражувања на јавното мнение. Следните општи избори се планирани за 2022 година, но може да се одржат и порани, во зависност од способноста на премиерката да ја води Велика Британија во процесот на нејзиното истапување од Европската унија.