Шефот на допломатијата на Заев негира македонски јазик во Беломорска Македонија

Се откажува ли целосно Владата на државава од македонските малцинства? Иако тврдењата на првите луѓе на владејачкото мнозинство беа дека малцинствата остануваат заштитени, сепак судејќи според изјавата на грчката министерка за надворешни работи Анастасија Анагностопол, македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров , малцинствата ги штити со тоа што вели дека македонското малцинство во Грција не зборува македонски, објави Алфа.

Во изјава за грчката државна новинска агенција министерката по посетата на Македонија на граничниот премин Маркова нога, над сите други изјави ја потенцираше изјавата на Димитров според која тој наводно разјаснил дека согласно членот 7 и духот на Преспанскиот договор македонскиот јазик кој го говорат граѓаните на Македонија и неговите дијалекти немаат никаква врска со идиомите што ги говорат грчките Македонци.

„Ние ја поздравуваме изјавата на Димитров затоа што таа става крај на било каков страв за непостоечки проблеми кои би се создале од јазикот кој ние го признавме пред децении“, рече грчката министерка.

За изјавата на Димитиров, остро реагираше и Владимир Милчин. Тој на својот фејсбук профил коментира дека јазикот се вика македонски и никој нема право да го нарече северомакедонски или да го загради во границите на Република Северна Македонија.

Јазикот што го зборуваме денес, некогаш го викале “нашински” во обид да ја спасат главата. Јазикот со кој се разбираме со делови од населението во соседните држави, па и во држави преку океанот, се вика македонски и никој нема право да го нарече северомакедонски или да го загради во границите на Република Северна Македонија“-пишува Милчин на својот фејсбук профил.

Пред само неколку дена, Димитров во интервју за телевизијата SKAI истакна дека македонското малцинство е „грчка работа“ и дека со Преспанскиот договор Скопје е обврзано да не се меша во внатрешните политики на Атина.

Со потписот во Нивици, премиерот Заев и министерот Димитров се согласија македонските ученици наместо за Солун да учат за Тесалоники, ако досега беше Кукуш отсега ќе читаат за Килкис. Практично,Македонија ќе мора да ги користи истите термини, односно топоними како и Грција, а за Србите и Бугарите Солун ќе остане Солун, но за Македонците односно граѓаните на Северна Македонија тој ќе биде Тесалоники.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.