Шефот на кабинетот на Трамп ќе замине до крајот на годината

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата го најави заминувањето до крајот на годината на својот најблиок соработник, Џон Кели, шеф на кабинетот на Белата куќа.

„Џон Кели заминува кон крајот на годината… Тоа е супер момче… Извонредно ја ценам неговата работа“, изјавил американскиот претседател Доналд Трамп за новинарите во Белата куќа, додавајќи дека името на новиот шеф на неговиот кабинет ќе биде објавено за ден до два, пренсува AFP.

Новинарските прашања за скорешното заминување на Кели се’ почесто можеа да се слушнат во последно време, особено затоа што американските медиуми пишуваа за влошувањето на односите меѓу него и претседателот Трамп. Пред да стане главен советник во Белата куќа во јули 2017 година, Келу во првите шест месеци од мандатот на Трамп ја извршуваше должноста министер за внатрешна бебедност.

Повикувајќи се на неименуван службеник во Белата куќа, агенциајта Reuters пренесува дека Трамп разговара деновиве со соработникот на потпретседателот, Ник Ејерс, да го замени Кели. Изворот рекол дека претседателот и Ејерс се’ уште работат на конкретните услови тој да ја преземе должноста, додавајќи дека Трамп сака тој да ја извршува должноста две години, но дека Ејерс не е во можност поради своето семејство.