Шефот на парламентот на Словенија ги осуди ЕК и Јункер поради ставот за арбитражата со Хрватска

На низата функционери од новата словенеча влада коишто деновите ја критикуваа Хрватска поради тоа што не ја спроведе арбитражната пресуда за меѓусебната поморска граница, а Европската комисија дека не ја поддржа словенечката тужба против нејзиниот сосед, ѝ се придружи во неделата и претседателот на парламентот Дејан Жидан, со досега најжестоката критика на сметка на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.

Истапот на Жидан дојде откако во саботата германскиот весник Der Spiegel објави повикувајќи се на документ на Европската комисија, дека нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер не сака да се вклучи во решавањето на судирот околу поморската граница меѓу двете земји членки Словенија и Хрватска, иако прваната служба има јасно мислење дека во овој случај Словенија е во право и дека во таа насока би требало да делува и Комисијата.

„Јункер постапи погрешно и тоа поради политичка трговија, а тоа може да ги загрози темелите на Европската унија, затоа е добро што актуелниот претседател на Комисијата си заминува“, изјави спикерот на словенечкиот парламент, Дејан Жидан, во врска со написот во лево-либералниот влијателен германски неделник.

Жидан е претседател на словенечките Социјални демократи (SD), една од петте партии кои влегуваат во владата на премиерот Марјан Шарец, и смета дека Јункер и ЕК „мешетареле“ околу прашањето на арбитражата поради политички мотиви, имајќи предвид дека во институциите на Европската унија доминира Европската народна парија (EPP), како и фактот дека хрватскиот премиер Анреј Пленковиќ доаѓа токму од оваа политичка провиниенција.

„Ниту минатата, ниту оваа словенечка влада не се десни влади, а во Европската комисија доминира EPP. Правото е на страната на Словенија, а политичкото тргување може да ги загрози темелите на ЕУ“, порача Жидан.

„Имајќи предвид дека оваа Комисија од политички причини го одби словенечкиот став за неспроведување на арбитражата како кршење на меѓународното и на европското право, сакам на идните избори за Европскиот парламент да победат луѓето на коишто Европа нешто им значи и коишто се свесни дека Европа не може да биде без правен поредок“, заклучи Жидан.