Шефот на унгарската дипломатија Сијарто во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска престојува во посета на Македонија, на покана на македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров.

Сијарто ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието Талат Џафери, со премиерот Зоран Заев како и со вицепремиерите Бујар Османи и Кочо Анѓушев.

На средбата со Димитров ќе стане збор за билатералните односи, европската и евроатлатснакта интеграција на Македонија, како и за внатрешно-политичката состојба на нашата земја и односите со соседите.