Заменик-претседателката на опозициската СДСМ, Радмила Шекеринска за луксузната вила во Грција плаќала по 2.000 евра од вечер. Шекеринска беше сместена во една од најлуксузните вили во Западна Грција, којашто се наоѓа на Јонското крајбрежје, а таму престојот од ден во месец август е 2.000 евра, или пак за 10 дена цената е 18. 000 евра.
Порталот Република ги пренесува податоците и фото-галеријата превземени од официјалниот сајт на луксузната вила karvounovillas.gr .
Република поставува прашање колку пари потрошила Шекеринска за луксузната вила во Грција.
Ако само престојот на потпретседателката на СДСМ, Шекеринска чини 2.000 евра од ноќ, колку вкупно чини нејзиниот одмор? 20.000 евра? 30.000? 40.000 евра?, прашува Република.
Џипот, јахтата, скапата облека, луксузната вила денес се одлика на годишниот одмор на заменик потпретседателот на СДСМ. Погледнете ги сликите и запрашајте се дали за ова луксузирање некој треба да даде одговор, пишува Република.
Повеќе фотографии од луксузната вила каде одмараше Радмила Шекеринска погледнете на Република