Шекеринска: Амандманите нема да се пишуваат зад затворени врати

Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати, изјави денеска на прес-конференција министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска.

Поделено општество не носи добро никому, рече Шекеринска.

Таа додаде дека за година и пол, се фокусирале на решавање на големите проблеми. За Договорот од Грција рече дека има цврсти гаранции на македонскиот идентитет.

Се трудиме да ги решаваме проблемите на конструктивен начин, кој ќе биде стратешки, додаде министерката.

Според неа, Македонија станува пример дека проблемите може да се решаваат и земјата да оди напред.

За пратениците кои непосредно пред седницата излегоа од притвор, а потоа гласаа „За“ рече дека двете работи не се поврзани и дека конкретни одговори за тоа може да се бараат во судовите.

Рече дека во иднина ваков Договор нема да добиеме.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.