Шекеринска и Заев целосно неподготвени и збунети на лидерската средба, немале одговор на ниту едно прашање

Целосно неподготвени се појавиле на лидерската средба, двајцата први луѓе на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска, дознава неофицијално НетПрес.

Нашите информации велат дека Шекеринска предничела со нејзиното збунето однесување, а на моменти тоа предизвикало и смеа кај дел од учесниците во процесот. Се покажало дека СДСМ нема одговор на ниту едно од реалните барања на ВМРО ДПМНЕ, и дека воопшто не станало збор за било каква широка амнестија која СДСМ тврдеше дека била барана.

Шекеринска не познавала ниту еден од законските нормативи, погрешно цитирајќи одредени законски норми и со тоа покажувајќи дека немаат концепт, ниту план за идното делување. Единствената загриженост на Заев било како да помине договорот со Грција за кој што е свесен дека нема поддршка од народот.

Нашите извори велат дека сеуште не станало збор за референдумот и референдумското прашање. Досега тема на разговорите биле законот за финансирање на политичките партии, и формирање техничка влада по моделот на договорот од Пржино.