Шекеринска во работна посета на Шведска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска.

Во рамките на посетата, министерката Шекеринска ќе се сретне со шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист и со шведската министерка за европски прашања и за трговија, Ан Линде.

Дополнително, Шекеринска ќе има средби со пратеници во шведскиот парламент и ќе говори на трибина во организација на непрофитната АБФ, на тема „Новата политичка ситуација во Македонија – патот напред!“.

На крајот од посетата министерката Шекеринска ќе има средба и со претставници на шведските медиуми.