На Скопскиот аеродром од денеска ќе биде воспоставена нова авиолинија на релација Скопје – Киев.
На настанот по повод одбележано новаата директна линија помеѓу Скопје и Киев ќе се обратат Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Наталиjа Задорожњук, Амбасадорка на Украина во земјава.
Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Северна Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.
„Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Северна Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Киев-Скопје-Киев“, соопшти Амбасадата на Украина во Скопје.
Летовите од аеродромот Бориспиљ ќе се извршуваат со авиони Embraer-145 и ATR72-600. Покрај тоа, истакнуваат од Амбасадата, WINDROSE нуди удобен транзит од регионите на Украина: Харков, Днипро, Одеса и Лавов.
„Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија. На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина“, стои во соопштението, објавено на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.
На веб-страницата на WINDROSE веќе може да се купат картите и за Киев и за Скопје.