Секој ден во Македонија работното место го губат по 250 граѓани

Од почетокот на коронакризата во Македонија секој ден повеќе 250 работоспособни граѓани го губат работното место.

Според истражувачкиот проект Рефлектор а врз основа на податоци од Заводот за вработување за пет месеци од април до 24-ти август бројот на луѓе што активно бараат работа е 36,362.

Предходно Рефлектор во jуни објави дека во првите два месеци од почетокот на Ковид19 кризата (април и мај) без работа останале над 12 илјади луѓе што значи дека во јуни, јули и август во просек без работа остануваат околу 8000 луѓе.

Вкупната бројка на луѓе кои според Заводот за вработување активно бараат работа во земјава односно се сметаат за невработени е 144.094.

Со оглед на трендовите во туризмот, индустријата и услугите оваа бројка се очекува да се зголеми драматично во текот на есента и зимата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.