Секој премиер на Косово освен Харадинај, ќе ги укине таксите

Mesto: Priština Datum: 30.03.2011 Dogadjaj: POLITIKA - intervju predsednika Kosova Bedžeta Pacolija novinskoj agenciji AP (Associated Press) povodom odluke Ustavnog suda Kosova o neustavnosti njegovog izbora Licnosti: Behgjet Pacolli

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, изјави дека секој косовски политичар кој би бил избран за нов премиер, ќе ги укине даноците на производи од Србија, со исклучок на косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, објави денес порталот Косев.

„Повторувам, тој победник на изборите, тој иден премиер кој вели дека ќе ги задржи таксите, лаже. Го исклучувам Харадинај од ова, затоа што го познавам како тврдоглав и кога се фиксира на нешто, не можете тоа да го промените кај него. Тој не го менува својот став“, изјави Пацоли за КТВ.

Како што рече, Харадинај може да го прекрши ветувањето, но нема да се откаже од таксите и процени дека сите останати што ја поддржувале идејата за такси по изборите нема да го имаат истиот став.

„Постои мислење дека тој не може да коегзистира со данокот, но може да ги укине ако сака да размислува за понатаму. Од друга страна, другите ќе го укинат данокот и ќе го отворат патот за дијалог. Ова е реалност која нè чека по изборите“, додаде Пацоли.

Пацоли го обвини заменик премиерот во заминување Енвер Хоџај дека членовите на владата ги измамил кога тврдел дека обезбедил поддршка од американската амбасада за воведување на првичната мерка од 10 проценти за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина, која беше во сила неколку недели пред воведувањето на данок од 100 проценти.

„На седницата видов дека тоа е на дневен ред. Го прашав за што станува збор. И премиерот и потпретседателот на владата Лимај се концентрираа на моето прашање. Ми рече – го направив тоа со Американците. Само што дојдов од амбасадата, разговарав со Американците, оваа работа е завршена, само напред“, рече Пацоли.

Тој додаде дека подоцна се покажало дека не е вистина, дека никој не разговарал со американската амбасада.

Предвремените парламентарни избори во Косово ќе се одржат на 6 октомври.