Секој трет Црногорец е позитивен – 230 позитивни на Ковид-19 од 664 тестирања

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 230 нови случаи на корона вирус од 664 тестирани примероци.

Како што објави Институтот за јавно здравје на Црна Гора, најголем број новозаразени има во Погорица (77) и Никшиќ (64).

Потврдени се и два смртни случаи, со што вкупниот број на починати во Црна Гора од почетокот на епидемијата се искачи на138.

Во последните 24 часа се регистрирани и 157 излекувани пациенти.

Бројот на активни случаи на корона вирус во Црна Гора во моментов е 3.279, а од почетокот на годинава се регистрирани вкупно 8.842 случаи на Ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.