Секое скокотливо прашање за власта а за кое нема одговор е лажна вест

На прес конференциите што ги држат министрите на СДСМ, а посебно по избивањето на корона вирусот стана вообичаено да се употребува зборот „лажна вест“.  За нив секоја информација која ќе ја прашаат новинарите и која не им одговара е лажна вест.

Пример за тоа беше и денешната прес конференција на Венко Филипче кога немаше одговор на ниту едно прашање кое се однесуваше на заштита на лекарите и на граѓаните поставено од новинарот Митовски.

Прашањата се однесуваа на тоа дека нема доволно средства за дезинфекција во аптеките, а тоа можеме да се увериме сите ако прашаме во најблиската аптека, или пак на обвинувањето на градоначалникот на Дебар дека докторите во болницата немаат соодветни заштитни одела.
За сево ова Филпче имаше само еден одговор.

Ова се лажни вести.

Без одговор остана и прашањето за набавка на респиратори за 25.000 евра, кога истите можат да се најдат и за 6.000 евра.

Власта треба да научи дека поставено прашање од новинар не е лажна вест туку е проверка од надлежните за да не се објави лажна вест.

Во тој контекст денеска и новинарот Бранко Героски запраша кога веќе власта лови лажни вести зошто не ја „улови“ и лажната вест која ја објавија провладини новинари дека поранешниот вицепремиер во време на забрана на собири правел роденденска забава.