Секогаш има поголема риба

Будала си во оваа ситуација да се правиш паметен, солиш памет и мислиш дека сѐ знаеш. Затоа и насловот небулоза те деум! Ги читам врвниве пера демокртаски, кои и самите се мастери на рекетот, но нели, никогаш фатени и докажани како урлаат: ФАТЕТЕ ГО КРАДЕЦОТ! Бљак!

Frankly My Dear, I Don’t Give a Damn

Споредба – да ова беше со претходната власт, што мислите што ќе правеа шарените на улица сега? Што мислите колку институции ќе беа во пламен, а не само канцеларии на претседателот? За жал ова ја покажува и моќта на народот, опозицијата, граЏанството. Спектакуларно разводенети и со голема помош на екс-рекетари и ѓоа-патриоти, од бојкотирам, северџани до цензусоиди – наративци кои одлично завршија работа на разбивање на севкупната опозиоциска моќ. Им завршија работа исто како и шарените. Згора, последните податоци од дијаспората се дека требало да се руши ова дпмне (не власта, опозицијата!?!) за да дојде некој кој ќе го дигнел народот на револуција – бре! Нам пред очи ни се дешава Endgame, а они без капацитет да пратат писмо до владите на нивните земји и да им кажат што ни се „дешава“, не, они праќаат депеши тука, шо треба ние да правиме, овде, ние, моа!?!?

Простете ако некој се најде навреден ама намерно е, би ви читал поезија на Љубчо каде пишуваше за некакви „Golden Shower“ деланија од балкон или ќерамиди, шогодае. 

Цртки

– Целава фрка настанува со доаѓањето на новата амабасадорка, чудесно склопен тајминг. Но, како што реков, новинарскиве пера, се политичко-рекетарско покриени со „жолта мочка“, па си ќутат за тоа, но пишуваат за „правда“, а самите уцапани до гуша во криминал.

– На никој не му е дадена целата слика, ниту ја има, ниту ќе ја има, дури ни Геро кој одамна го везе гобленов, нема да има потполна претстава дали е „Коњи на Поило“ или „Зимска Ноќ“, едноставно, работава се одвива така што трагите никогаш нема да можат да водат до центарот кој ова го споведува, од каде, зошто … а будалите ќе прават будали од себе, без капацитет на согледување на пошироката слика. Верувам само дека Џеро најдалекусежно се обидел да се заштити и да го изложи сето тоа. Повиците до премиерот за средба ми се некаков знак дека можеби и го губи „моџо“-то, но ќе видиме, засега, сеуште добро ја води работава. Мислам и дека тие што го одбрале, добро процениле, замислете Чом?!

– Мислите дека Камчев има логистички и секаков друг капацитет да изведе ваква акција и дека од него ова потекнува? До некаде да, но… Ај, сега барајте на јујтјуб која е најпопуларна од Брус Спрингстин и научете ги зборовите. Само не знам зошто никој не и’ постави прашање на Оливера на темава? Не за џабе ја гушкаше насмеан и озарен. Она е голем играч, ако не и најголем! Верувам дека она, покрај Геро, ги знае  најголемиот дел од најточните факти во целава игранка.

– Бугарите помогнале … Мислите дека Бугарите смеат да изведат операција во друга земја без да прашаат каде, што, како, треба за сево ова да го спроведат, документираат и го приложат како доказ? Како беше вицот за кучињата со Бугарот во вселенскиот брод? Што мислите кој на овие им дал ОК да ја извршат работата на терен? … штурци … !?!?!

– Чрчорењето на суратетфтерџиите и твитерџиите – есхолци, кои сега лапаат бумбари ете – ИМАЛО ПРАВДА, ОВА БИЛО ПРАВНА ДРЖАВА, ОВА ПОКАЖУВА ДЕКА ИНСТИТУЦИИТЕ ФУНКЦИОНИРААТ… бљак, бљак, бљак, … да не дојдеше госпожата од Калето и стиснеше на жуто копче, мислите дека некој ова нас, вас или било кој ќе собереше храброст да ги изнесе? Не, ова е, само затоа што ОНИ го побараа. Зошто и што понатаму, е тука е интересно и чекам сознанија. Последниот сигнал беше интервјуто на Геро за „Воис оф Америка“, ама и тогаш не ви запали лед-от. Инаку секогаш прв сигнал за ГОЛЕМАТА е исчезнување на Влатко од сцената, секогаш кога има тектонска активност.

– Јатица Канева за која ви никнаа хемороиди во фронталниот кортекс, ви е опишана меѓу останатите и во претходната колумна за приучените. Ставена и избрана од нас и од нашите. Ако сакаш нешто да се спроведе со кратка агенда за „ре-лупирање“ на состојбата треба да ставиш приучени, недокажани и ликсури за пари – се’ друго само си се тркала, како што гледате.

– Сега влегуваме во големата фаза на релативизирање на вината на средната хероина дека била прогонета затоа што изгубила редовен циклус во борбата за правда, „абе дај не ме j…“ – Кили. Цела недела мозокот им „пречвркна“ да смислат каков текст на прес ќе прочита што почетник во ПР агенција го срботува за 45 мин. Цела недела молк, па одеднаш, пост-фризерски прес со закани – сега ќе видите!?!?!

– Не, драги мои врвни, извикани, мастадонти, колеги и политичари, ту лејт – ту литл, никој од вас не го наслути ова, а ако го знаевте, ќутевете и се правевте удрени, сега глумите праведници, паламудите за правна држва и принципи … не, ц’к, јоктур, не ви поминува, ако масата ви стиска лајкови, не значи дека сте во право.

– Ова е само почеток, допрва ќе се „тркала“ ќе има „веома изненаѓени и запањени“. Од кај знам?!?! Ма дајте, чујте, јас абер немам од ова, како викавте за мене, јас сум к-рац од офца, никој и ништо небитен, неважен, а ете, 2008 напишав дека името ќе биде сменето, ќе влеземе во НАТО и никаТ во ЕУ. Тогаш квичевте гомнојадец дека сум, предавник, денес цензусоид, во секој случај, бевте и останавте фашистички копилиња од двете банди.

– Ал Капоне да беше денес суден во Македонија немаше да добие ни притвор, ако не и одштета. Имено за човекот знаеја дека има направени куп убиства, но немаа доказ, кога му најдоа затајување данок го плеснааа „2 милиона“ години во затвор! Систем и законот го овозможува и со виши цели, те „јебе“ заслужено. Кај нас, се е дил – имаш пари-имаш дил. Само едно забораваат – There’s always a bigger fish (Star Wars). Јатица и Kокица мислеа дека се најголемата риба, тука се зезнаа, секогаш има поголема и не ја научија лекцијата од претходните, дека политичката одлука за нивното именување и општествено позиционирање, недостигнато со интелект и реален труд, туку како корисни будали – е со рок на траење, нивниот помина. Ќе ги остават да претаат да мислат дека „харм редакшн“ прават заради поголема контрола на следната постава.

Shit is about to hit the fan!

Ова е само детал, допрва почнува најголемата. Само толку знам, допрва ќе има потреси, она што не му успеа на Бранко со октоподот, а сега тешко му оди и на Заев со аферата рекет, ако не го заврши он, ќе го довршат „други“, ама вие имајте вазелин при себе, оти по обичај ние, народот, го примаме небањат,  – пардон мај френч.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес