Секој четврти Германец има странско потекло

Речиси секој четврти граѓанин на Германија (23,6%) има странско потекло, а странски јазик се зборува во десет отсто од домаќинствата во оваа држава. Сојузниот завод за статистика во Визбаден соопшти дека бројот на граѓани со странско потекло во споредба со 2016 година е зголемен за 4,4 отсто, па уделот на луѓето со мигрантски корени во вкупното население- 19,3 милиони луѓе е на највисоко ниво досега.

Како лице со мигрантско потекло се означува лице кое кога се родило немало германско државјанство, или без германски пасош бил барем еден родител.
Од 19,3 милиони луѓе со странско потекло, најмногу- 2,8 милиони или 14 отсто се со турски корени, 11 проценти имаат полско, 7,5 имаат руско, 6 отсто казахстанско и 4 проценти романско потекло.

Статистичарите првпат го имаат поставено прашањето за јазикот на којшто главно се зборува во домаќинствата.
Од 24 милиони домаќинства со повеќе членови, во 10 проценти се користи странски јазик.
Најчесто е тоа турскиот јазик-17 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.