Секој експеримент во МВР може да биде фатален

Не ја оспорувам политичката способност на новиот министер за внатрешни работи. Но, очигледно е дека тој е без никакво искуство во таа област, што претставува голем проблем.

Тврдам дека е направен погрешен потег, којшто директно го разградува безбедносниот систем на државата и ја загрозува безбедноста на граѓаните, поготово кога тероризмот чука и на нашата врата.

Не сум ничиј политички навивач, ама сум поборник, да се остават професионалците да си ја работат работата, во ова значајно министерство. Секој експеримент може да биде фатален.

Ова во интервју за Нетпрес го посочува Драгиша Милетиќ, претседател на Српската напредна странка во Македонија и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија.

* Во моментов работните групи преговараат за состојбата на медиумите. Изборниот законик ќе се менува со тоа што ќе им се забрани на медиумите и на нив поврзани лица да им донираат на партиите, а промени ќе има и при донациите од фирмите и од поединци. Кое е вашето мислење, во колкава мера овие измени ќе влијаат врз изборниот процес? И дали воопшто можеме да зборуваме за некакви промени во овој сегмент?

Сметам, дека…