Секој осми Црногорец поседува оружје

Над 62 илјади граѓани на Црна Гора поседуваат оружје, односно секоја осма полнолетна личност поседува оружје, покажуваат податоците на тамошното Министерство за внатрешни работи.

Најмногу, на основа на законите, оружје поседуваат во Подгорица и тоа 13.154 жители.

Полицијата, според податоците од 2013-та година, и’ се одземени 820 парчиња оружје, од кои што 281 било во илегална сопственост.

Според податоците од 2012-та година, во Црна Гора се регистрирани 212 кривични дела недозволено држење оружје и експлозивни материјали, а полициските службеници во текот на годината надлежните обвинители поднеле 150 кривични пријави против 179 лица поради основано сомневање дека направиле 210 такви кривични дела.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.