Секс на екс, половина од мажите не можат да издржат подолго од две минути

Просечната должина на сексот е само седум минути, а речиси секој втор маж може да издржи само 120 секунди пред да доживее оргазам.Иако на мажите овој податок нема да им се допадне, познатиот автор Хари Фиш тврди дека голем број на мажи не можат да издржат подолго од две минути.

Тој во својата книга наведува дека ова време е премало за просечната жена да доживее оргазам со вагинална пенетрација.

Според него, просечната должина на сексот е 7,3 минути, четири минути помалку од времето за кое се тврди дека е идеално.

Овие податоци се совпаѓаат со старата теорија на сексологот Алфред Кинисиј кој во 40-те години и 50-те години заклулчил дека три четвртини од мажите ејакулираат за две минути.

Во неодамнешното истражување во магазинот „Journal of Sexual medicine” чешките психолози Петр Вајс и Стјуарт Броди наведоа дека женскиот оргазам е во поголема корелација со траењето на сексот отколку со предиграта.