Секс на првиот состанок и врска со колега – митови кои ги побивме

Тактиките и правилата за забавување кои ги почитувале нашите мајки или постари сестри повеќе не важат. Затоа ви подговивме три популарни правила, кои сега слободно може да ги прекршувате и да уживате во тоа.

Не смеете да имате секс со колега

Две третини од луѓето своите партнери ги запознаваат преку пријатели и на работното место. Зошто вие би биле поразлични? Студиите покажуваат дека честото излегување со било кого стимулира некој да биде попривлечен за нас (освен ако нашата прва реакција не била негативна) па е сосема логично дека честото гледање со колегите ќе предизвика меѓусебно привлекување, особено ако вам некој ви се допаднал на прв поглед.

Запознавање на партнер на работа и не е така лоша работа, бидејќи ваквите двојки имаат многу јасна визија во она во што се впуштаат.

Relationship-with-a-colleague

На краиштата, вие веќе сте го виделе својот партнер како реаира на многубројни стресни ситуации на работа. А, што се однесува до шефовите и ним не би требало тоа да им пречи.

Дали можете да замислите подобар поттик за луѓето да се будат рано наутро да дојдат на работа на време, да изгледаат убаво и да бидат полни со елан, од љубовта?

Дури и ако врската заврши, мнозинството раскинувања не наликуваат на оние драматичните и хистерични раскинувања од филмовите. Воглавно сето тоа ќе помине мирно, особено ако се во прашање возрасни зрели луѓе.

Секогаш треба да ја зборувате вистината за минатото

Кога ќе се впуштите во врска, се’ е убаво и прекрасно, додека не почнете да зборувате за минатото. Дури и да сте имале среќа, па сте завршиле со најтолерантното и најнељубоморното момче на светот, ако чуе дека пред него сте имале десетина партнери, нема да му биде сеедно.

Такви разговори воглавно завршуваат со караница, бидејќи мажот не е подготвен да чуе кој се’ поминал низ вашата постела.

Затоа не е за чудење што мнозинството жени само ќе промрморат „три“ и ќе поцрвенат, надевајќи се дека нема да бидат фатени во лага. И не треба да ве гризе совест.

Просечна 30-годишна сексуална активна од 16 години, имала две долги и сериозни врски од околу четири години, имала две кратки врски и во меѓувреме имала „лежерен“ секс. Тоа, според проценките, е околу 20 секс партнери и повеќе ако се работи за жена со високо либидо.

Затоа воопшто не треба да се срамите што сте имале повеќе од тројца партнери. Меѓутоа, она што тој навистина сака да знае е дали е тој посебен или со сите сте биле такви.

Ако навистина почне да размислува за тоа, па почне да прави математики и открие дека сте лажеле, едноставно објаснете му дека мажите и жените денес имаат ист број партнери и дека тоа е нормално, но дајте му до знаење дека тој е посебен.

Whisper

Никогаш не смеете да имате секс на првиот состанок

За 20-годишничките, ова е архаична изрека. Меѓутоа, за дамите над 30 години, ова и понатаму е сериозно прашање. Ако сте доволно возрасни, доволно паметни и мудри, можете доволно да го процените човекот за време на вечерта и да знаете дали сакате да завршите со него в кревет. Кој вели дека за тоа ви се потребни три или пет состаноци?

Понекогаш, првиот состанок е толку добар, што е вистинска штета да го завршите рано. Секако, тоа не значи дека секој прв состанок треба да заврши в кревет. Но, ако вам тој навистина ви се допаѓа и сте процениле дека и вие нему му се допаѓате, зошто да ја расипувате забавата?